Енергетската стабилност може да биде нарушена само кога има монопол на пазарот, велат експертите. Обвинителството вчера побара деблокирање на сметките на Макпетрол по барање на компанијата и по стравувањата во јавноста за нафтена криза. Министерот за економија Беким Незири претходно изјави дека Македонија нема да има криза во снабдувањето со гас и нафта, но ќе има реални проблеми ако продолжи блокадата на фирмата.
Ако тој монопол е на пример во енергијата, а ние сите зависиме од електричната енергија или од нафтата, тогаш навистина може да направи пореметување на животот во секој смисол.Кочо Анѓушев, претседател на Македонската енергетска асоцијација.
Пред три години Македонија се соочи со енергетска криза, а годинава трите блока на електро-енергетскиот стожер на земјава, РЕК „Битола“ неколку пати не работеа за време на грејната сезона. Претседателот на Македонската енергетска асоцијација Кочо Анѓушев вели дека може да дојде до енергетска криза ако еден систем зависи од еден монопол и ако тој монопол не функционира.
„Ако тој монопол е на пример во енергијата, а ние сите зависиме од електричната енергија или од нафтата, тогаш навистина може да направи пореметување на животот во секој смисол“, вели Анѓушев.
Доколку зборуваме за природен гас и доколку дојде до ескалација на односите меѓу односите на Русија и Украина, Русија и Европа или Русија и Бугарија, ние имаме еден снабдувач тоа е Газпром и доколку настане некоја хаварија или технички, политички или економски проблем тогаш може да зборуваме за криза со гасот во Македонија. Но, да кажете дека ќе има енергетска криза и сите енергенси ќе ги ставите заедно, тоа не е баш коректно и тоа не кореспондира со реалноста.Митко Андреевски, енергетски консултант.
Енергетскиот консултант Митко Андреевски вели дека во случајот со Макпетрол не би можело да се случи енергетска криза, бидејќи е либерализиран пазарот на нафтени деривати. Според него, секој енергенс има различна форма и суштина и доколку дојде до негово сопирање од било кои причини не значи дека ќе има криза.
„Доколку зборуваме за природен гас и доколку дојде до ескалација на односите меѓу односите на Русија и Украина, Русија и Европа или Русија и Бугарија, ние имаме еден снабдувач тоа е Газпром и доколку настане некоја хаварија или технички, политички или економски проблем тогаш може да зборуваме за криза со гасот во Македонија. Но, да кажете дека ќе има енергетска криза и сите енергенси ќе ги ставите заедно, тоа не е баш коректно и тоа не кореспондира со реалноста“, вели Андреевски.
Според Анѓушев, либерализацијата на пазарот ги елиминира можностите за криза. Што ќе се случеше доколку како до пред 20 години во земјава имаше само бензински пумпи на Макпетрол, вели тој.
„Либерализацијата ги решава проблемите околу создавањето на кризните состојби. Впрочем не го измисливме ние тоа во државава. Тоа е врз база на искуството, историјата и проблемите кои ги имале другите држави во светот дошле до таквите модели кои денес таму функционираат и не може да се случат вакви кризни ситуации“, вели Анѓушев.
Макпетрол го покрива пазарот со нафтени деривати со 60 проценти, а пазарот на гас со 36 проценти.