Голо Брдо фест - Нова музичка манифестација на македонскиот фолклор

Организаторите очекуваат музичката средба во пограничното село Џепиште да стане традиционален фестивал што ќе се организира секое лето, кога си доаѓаат и печалбарите.

Деновиве во пограничното дебарско село Џепиште за прв пат се одржа музичката манифестација „Голо Брдо фест“. Оваа музичка средба, која се организираше од здружението „Голо Брдо“ со седиште во Џепиште со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, ја следеа и жители од голобрдските погранични села во Албанија.

Областа Голо Брдо сега има две села во Македонија и другите села се во Албанија. Во Македонија се селата Џепиште и Отишани. Но, на фестивалот има и фолклорни групи од поширокиот пограничен регион, како што се од Жупа, Река, Струга, Охрид и други места.
Атиф Бајрамовски, член на организациониот одбор за организирање на фестивалот.

​„Областа Голо Брдо сега има две села во Македонија и другите села се во Албанија. Во Македонија се селата Џепиште и Отишани. Но, на фестивалот има и фолклорни групи од поширокиот пограничен регион, како што се од Жупа, Река, Струга, Охрид и други места. Цел на овој фестивал е дружењето на младите од целиот регион, но исто така и средба со печалбарите кои се бројни од овој регион, а летото го минуваат меѓу своите во родниот крај. Така во август сите сме заедно. Овој регион има богат македонски фолклор и сето ова заедно и со богатата носија од овој регион се презентира на овој фестивал“, вели Атиф Бајрамовски, член на организациониот одбор за организирање на фестивалот.

На овој фестивал очекуваме да има ансамбли од двете страни на границата. Реков дека дружењето е најбитно, луѓето треба да воспостават пријателска и да го видат фолклорот и носијата.
Ернес Амзовски, претседател на здружението „Голо Брдо“.

Според него, македонскиот фолклор и од овој регион е многу богат и интересен. Дружењето на младите и соработката на фолклорните ансамбли и учесници на овој фестивал се битните цели на фестивалот, вели претседателот на здружението „Голо Брдо“, Ернес Амзовски.

„Па за нас многу е битно дружењето на членовите на сите фолклорни ансамбли и секции, нормално и нивните членови. На овој фестивал очекуваме да има ансамбли од двете страни на границата. Реков дека дружењето е најбитно, луѓето треба да воспостават пријателска и да го видат фолклорот и носијата“, вели тој.

Меѓу оние кои го следеа фестивалот беше и локалниот лидер на македонската партија – Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија за Голо Брдо, Едмонд Османи.

„Оваа музичка средба е многу добра и битна и за нас во Албанија. Ние имаме иста песна, иста носија, а ете овде слушаме добра музика. Дружењето е добро на сите, без разлика каде живееме“, вели тој.

Организаторите на овој фолклорен фестивал велат дека фестивалот ќе биде традиционален и ќе се одржува секој август. Во август овде се и печалбарите, велат тие. Џепиште, според организаторите, ќе биде селото каде ќе се преставуваат фолклорните групи од целиот регион на двете страни од границата, истакнуваат претставниците на здружението „Голо Брдо“ од село Џепиште, село кое се наоѓа во близина на границата со Албанија на самиот пат Дебар – Струга.