Бродовите почнале да пловат низ проширениот Суецки канал кој Медитеранот го поврзува со Црвеното море. Претходно египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси потпиша документ со кој им се дозволува на бродовите да пловат низ новоизградената инфраструктура. На церемонијата на отворањето, меѓу другите, присуствуваа и францускиот претседател Франсоа Оланд и рускиот премиер Дмитри Медведев. Со проширувањето кое чинеше над 8 милијарди долари се овозможува двонасочен морски сообраќај. Суецкиот канал е изграден во 1869 година.