Живот во шатор и 40 степени

Сиромашното семејство на Џеваир Бајрами од Дебар.

Три дебарски семејства кои беа сместени во објектот на поранешниот Ученички дом кој изгоре целосно пред два месеци, се под ведро небо. Најтешко им е на семејството Бајрами кои имаат 6 малолетни деца, од кои четири секојдневно добиваат и лекарска помош.

Во Дебар има проблеми со бездомниците, но некои од семејствата кои повеќе години се без дом, во овие летни денови преживуваат тешки моменти од нивниот живот. Три дебарски семејства кои беа сместени во објектот на поранешниот Ученички дом кој изгоре целосно пред два месеци, се под ведро небо.

Децата сите ми се болни. Ги носеме секојдневно на болница, работата ни е многу лоша. Не знаеме како ќе заврши. Ние сме живи, ама животот ни е во гроб. Тешко ми е, ама од децата помило немало ништо на светот. И да има јадење, тие не можат да јадат при вакви температури.
Наска Бајрами, жителка на Дебар.

Во паркот кај населбата Венец тие се сместени во шатори и покрај тоа што дневните температури изнесуваат 40-тина степени. Внатре во шаторите е пекол, но поради тоа што немаат друг излез тие се приморани да преживеат и на ваков начин. Најтешко им е на семејството Бајрами кои имаат 6 малолетни деца, од кои четири секојдневно добиваат и лекарска помош.

„Децата сите ми се болни. Ги носеме секојдневно на болница, работата ни е многу лоша. Не знаеме како ќе заврши. Ние сме живи, ама животот ни е во гроб. Тешко ми е, ама од децата помило немало ништо на светот. И да има јадење, тие не можат да јадат при вакви температури. Во шаторот ни влегуваат змии, а на едно од децата во увото му влезе бубачка и доби воспаление на увото“, вели сопругата Наска Бајрами.

Нејзиниот сопруг Џеваир објаснува дека во дебарската болница добиваат здравствена заштита, но тој е незадоволен од страна на надлежните институции за кои вели дека треба да им излезат во престрет за да се реши прашањето.

„И покрај се во болницата сме добро прифатени. Не ни земаат ништо. Цел Дебар помага. Но ете оние кои треба да го решат проблемот со обезбедување на покрив над главата тое не го праваат. Надвор сега е околу 50-тина степени на сонце, а внатре во шаторот е пекол, не се живее вака. Оваа не е живот. Треба некој да ни помогне, на нас и нашите деца.

Не само децата туку и нивната мајка сега има многу болести. Помошта во храна која тие ја добиваат е доволна за да се опстане. Бројни се граѓаните на Дебар кои на трите семејства кои се под шатори им доставуваат храна и облека, но сепак нив им е потребен дом, каков било да е. Тие велат дека некој треба да се сети за да не се случи некоја трагедија со децата кои се болни, а живеат во шатори при пеколни температури.

И во другите две семејства Куртиши и Асани состојбата е слична. Тие имаат помалку деца, но и за возрасните животот во шатор на 40 степени е повеќе од тежок. Трите семејства апелираат некој да се сети на нив.