Пружена здравствена заштита на 265 мигранти

Во јавно здравствените установи пружена е здравствена заштита на 265 мигранти, соопшти денеска МВР.

На влезна точка Гевгелија, согласно препораките на Светска здравствена и организација на мигрантите овозможена им е вакцинација против сипаници, заушки и црвенка (МРП), како и против детска парализа (ПОЛИО), за која досега се согласиле да ја примат и се вакцинирани 50 лица.

Во однос на активностите на мобилните тимови на Црвен крст изминатиот викенд пружиле прва помош на вкупно 370 лица, од кои 169 интервенции на мигрантите кои пристигнале на железничката станица Табановце, а останатите 201 интервенции на желеничката станица во Гевгелија.

Екипите на Црвен крст, поради идентификуваната сериозна здравствена состојба, извршиле транспорт на 5 лица до гевгелиската општа болница. По укажаната медицинска асистенција, лицата во стабилна состојба ја напуштиле болницата.