Хјуман Рајтс Воч го критикуваше Казахстан дека не може да ја заштити ЛГБТИ заедницата од насилство, дискриминација и злоупотреби. Во денешниот извештај на организацијата за човекови права се вели дека овие луѓе живеат во постојан страв. Се додава дека тие се соочуваат со страв од злоупотреби и дискриминација директно, а се соочуваа и кога ќе пријават дека им се нарушени правата пред властите. Во извештајот се вели дека владата во Казахстан треба јасно да искаже поддршка за ЛГБТИ заедницата, да донесе закон за недискриминација и да преземе итни чекори за намалување на хомофобијата.