Гевгелија и Табановце станаа двете критични точки каде што се собираат миграните кои транзитираат низ Македонија. Бројот на бегалци кои што минуваат низ земјава, во изминатиов месец е во постојан раст. Според проценките од поделените пакети храна на невладината организација Легис, од 1.200 до 1.500 мигранти секојдневно пристигнуваат на железничката станица Табановце и оттаму продолжуваат кон границата, која без поголеми застои лесно ја минуваат.
Затоа што на тоа место нема никаква инфраструктура за да прими толкава број на луѓе, не постојат тоалети, не постои место каде што би можеле да се скријат од сонцето или од дождови и слично, нема продавница каде што би можеле да купат вода, јадење или што било.Александра Давидовска, координатор на групата „Да им помогнеме на мигрантите“.
Но состојбата таму и не е баш најдобра вели Александра Давидовска која е координатор на групата „Да им помогнеме на мигрантите “.
„Затоа што на тоа место нема никаква инфраструктура за да прими толкава број на луѓе, не постојат тоалети, не постои место каде што би можеле да се скријат од сонцето или од дождови и слично, нема продавница каде што би можеле да купат вода, јадење или што било, а после симнување од возот тие продолжуваат директно накај српска граница која е на 500 метри од железничката станица и со некои 5 саати одење, на некои 10 километри е Прешево, треба да стигнат во прифатниот центар во Прешево, доколку некаде не ги задржи српска полиција.“
Меѓу Македонија и Србија нема меѓугранична зона, додека на југот, во пограничниот појас со Грција има меѓузона каде што мигранти до неодамна чекаа и со денови за да влезат во земјава. Во јужниот дел на Македонија ситуацијата е похаотична, затоа што мигранти пристигнуваат од пограничниот премин Богородица, но и од Дојран и Богданци.
Да ни се дозволи да имаме магацин кој што би бил кај железничката станица, да имаме канцеларии или да имаме шалтер од каде би делеле храна на луѓето или правни совети и слично, ништо од тоа не е направено.Јасмин Реџепи, „Легис“.
Јасмин Реџепи од невладината „Легис“ посочува дека проблемот е во недостигот на квалитетна државна стратегија во справувањето со миграните, државата треба побрзо да се вклучи, затоа што може да се случи невладините кои функционираат од донации да останат без ресурси. Реџепи истакнува дека надлежните треба да ги заменат волонтерите на терен или пак да им помогнат во нивната работа и да си го исполнат ветеното од пред три недели.
„Да ни се дозволи да имаме магацин кој што би бил кај железничката станица, да имаме канцеларии или да имаме шалтер од каде би делеле храна на луѓето или правни совети и слично, ништо од тоа не е направено. Засолништа во случај на дожд се уште не се направени, медицинските тимови не се доволни не функционираат 24 часа на ден, ниту пак ние можеме да издржиме да функционираме 24 часа на ден, да им бидеме на испомош на сите бегалци кои доаѓаат. “
Координативното тело сочинето од МВР, Министерство за труд и Министерството за здравство заедно со Црвениот крст и УНХЦР, се уште не одговори каква е официјалната стратегија за справување со мигрантите.
Неодамна генералниот секретар на Црвен Крст Саит Саити во телевизиска дебата соопшти дека се разгледуваат локации за изградба на привремени прифатни центри во Гевгелија и Табановце во соработка со локалните власти и дека се доволно подготвени со залиха од храна за 4 илјади луѓе.
„Откако почнаа да се издаваат потврдите ние имаме дадено во помош, повеќе од 20 илјади пакети храна. Имаме снабдено над 20 илјади луѓе, 4 илјади луѓе се ништо, тоа е храна за 3 до 4 дена, срамота е за една меѓународна организација да каже дека има капацитет или можност за 4 илјади луѓе“, вели Реџепи.
Во однос на изградба на прифатни центри, тој смета дека тоа е губење на време и пари, но треба се направат засолништа во кои ќе можат накратко да се освежат мигрантите пред да го продолжат патот.
Според податоците на МВР од 19- ти јуни до денеска издадени се над 16 илјади потврди за искажана намера за барање на азил, од кои 2 илјади се за деца со старатели, а 150 се за деца кои патуваат без родители. Според податоците од српските институции од почетокот на годината во Србија влегле над 62 илјади мигранти преку Македонија.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5