Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со лидерите на растечките нации во рускиот град Уфа на самит кој се смета за обид на Москва да покаже дека не е изолирана и покрај застојот на односите со Западот поради конфликтот во Украина. Лидерите на БРИКС- Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, усвоија декларација со која изразуваат „длабока загриженост“ околу смртоносниот конфликт во источна Украина. Во документот се повикуваат владините сили и про-руските сепаратисти да се придржуваат на договорот за прекин на огнот, потпишан во февруари од Украина, Русија, бунтовниците и ОБСЕ.
Во меѓувреме, Украина и Западот ја обвинуваат Москва за постојана поддршка на сепаратистичките борци.
Земјите на БРИКС исто така изразија увереност дека разговорите во Виена за иранската нуклеарна програма ќе резултираат со договор.