Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа имаше средба со претседателот на земјата Прокопис Павлопулос, кого го информираше дека Грција поднесе барање за помош до Европскиот механизам за стабилност, јави МИА од Атина. Тој исто така рекол дека грчката Влада денеска ќе поднесе предлог за детаљни и прифатливи реформи за да се постигне чесен компромис. Тоа е нашата цел и тоа е нашата заложба за прифатливо решение и излез од кризата, рекол Ципрас на средбата.
Павлопулос, од своја страна, истакнал дека референдумот од неделата не значи прекинување на односите со Европа и еврозоната, туку рестарт на напредокот на преговорите. Значи, ајде да го земеме овој ден како почеток што ќе кулминира в недела со сигурност дека Грција, како членка на ЕУ и на еврозоната, ќе остане да стои исправена, но исто така, ќе придонесе за животот во Европа во оваа тешка иднина што не чека, рекол Павлопулос.