Со компромис до вода за кумановци

Илустрација: Совет на Општина Куманово.

Проблемот со водоснабдувањето во Куманово продолжува. Локалното и државното претпријатие за водоснабдување се во постојан конфликт.

Водоснабдувањето во Куманово е проблем кој треба да се надмине со меѓусебен договор и негово почитување помеѓу двете претпријатија - локалното ЈП „Водовод“ и она во надлежност на државата ЈП „Водостопанство-Кумановско-липковско Поле“, сметаат главно општинските советници од Коалицијата „За подобра Македонија“. Директорот на „Водовод“, градоначалникот и советниците од локалната власт, пак, дека со менаџерите од „Водостопанство“ тешко се доаѓа до договори. Најоштетените, граѓаните навикнаа да се снаоѓаат кога вентилите ќе се затворат. Од овој лавиринт неизвесно е кога ќе се излезе.

Во периоди кога водата е најпотребна определени реони на градот континуирано ја немаат. По кој знае кој пат ги слушаме препукувањата меѓу ЈП „Водовод“и ЈП „Водостопанство“, меѓусебни обвинувања и барања виновник за настанатата состојба.
Драган Петковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Куманово.

„Во периоди кога водата е најпотребна определени реони на градот континуирано ја немаат. По кој знае кој пат ги слушаме препукувањата меѓу ЈП „Водовод“и ЈП „Водостопанство“, меѓусебни обвинувања и барања виновник за настанатата состојба. Од една страна слушаме дека цената на сировата вода е превисока и дека тоа е основната причина за неликвидноста на „Водовод“ и неможноста за измирување на долговите кон „Водостопанство“ и доколку цената на сировата вода се намали во „Водовод“ ќе почне да тече мед и млеко. Од друга страна слушаме доколку не се плаќа водата нема да може да се одржува системот за дотур на вода од Липковско Езеро до филтер-станицата, што е причина за голем број на дефекти,што пак доведува до причина за исклучување на бај пасот. Се спомнува некој фамозен од минатата година договор кај министерот за земјоделие, што подразбира по секоја цена „Водостопанство“ да дотура вода, кој според „Водовод“, не се почитува. Од „Водостопанство“, пак, велат дека иако е договорена цена од 4 денари по кубик сирова вода, тој договор „Водовод“ не го потпишал. Сите овие препукувања на двете претпријатија ги плаќаат граѓаните“, вели Драган Петковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Куманово.

Имаше една изјава од директорот на „Водостопанство“ дека средствата од „Водовод“ се доволни само за плата на вработените и за некои елементарни потреби. Ме интересира дали тие живеат само од „Водовод“, каде се земјоделците кои ги наводнуваат своите поседи по бај пас, а сировата вода ја продаваат и на другите претпријатија. Дали тоа некаде е фактурирано.
Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“.

„Ова е недомаќинско работење од претходното раководство на „Водовод.“ Треба да седнат двата правни субјекти и да се договорот, кој е виновен за оваа состојба“, вели Злата Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Драги Караџински од ГРОМ, како и други советници, се расположени да помогнат да се надмине проблемот со водоснабдувањето, а ЈП „Водовод“ да излезе од финансиската криза која прилично долг период го задушува претпријатието. Меѓутоа, иако сите сакаат да ја одбегнат политиката која има големо влијание врз недоразбирањата помеѓу двете претпријатија, таа сепак се чувствува во сите пори и кај едните и кај другите.

„Имаше една изјава од директорот на „Водостопанство“ дека средствата од „Водовод“ се доволни само за плата на вработените и за некои елементарни потреби. Ме интересира дали тие живеат само од „Водовод“, каде се земјоделците кои ги наводнуваат своите поседи по бај пас, а сировата вода ја продаваат и на другите претпријатија. Дали тоа некаде е фактурирано“, вели Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“.

Тој појаснува дека за последниот прекин на дотурот на водата со исклучување на бај пасот без најава, одговорите од „Водостопанство“ биле проследени со вулгарности.

„Директорот на „Водостопанство“ рече дека него го интересира само собирање средства, за сè друго не упати кај скретничарот, некој раководител Емрла Укшини кој триста различни информации ни даде. Видовме дека таму ни се затворени вратите, интервениравме кај градоначалникот, кој пак стапи во контакт со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, со координаторот на ЗЕЛС Коце Трајановски, за да се нормализира водоснабдувањето. Оваа сапунска опера, за жал, продолжува и понатаму“, вели Стојковски.

Според тримесечниот извештај на ЈП „Водовод“, приходите во претпријатието се намалени главно поради наплатата во месецот февруари, што укажува на стандардот на граѓаните, кои имале големи сметки за електрична струја и во мај, кога се случи вооружениот инцидент во Куманово. Ќе имаат ли вода граѓаните во наредниот период или ќе продолжи пинг-понг натпреварот помеѓу двете претпријатија под надлежност на локалната и централната власт, неизвесно е.