Група граѓани и жители на Водно денеска го спречија уривањето на гаражите во населбата Водно кои треба да отворат пат до парцелите каде треба да се градат објекти за семејно домување.
Сопствениците на гаражите претходно добија времено одложување, но решението за уривање останува. Тие сега стравуваат дека гаражите ќе им бидат урнати преку ноќ.
Парцелите за кои се отвора пат се со површина од 12 илјади метри квадратни и на нив се наоѓа шума. Парцелите се најдоа и во една од таканаречените бомби на опозицијата, при што лидерот на СДСМ, Зоран Заев обвини дека тие се во сопственост на луѓе блиски до власта.