Кој е вистинскиот сопственик на парцелите на Водно?

Илустрација: Водно.

Гаражите на жителите се наоѓаат на местото каде треба да се отвори пат кон парцелите наменети за семејно домување и кои СДСМ обвини дека се на луѓе блиски до власта.

Иницијатива за ништовност за рушењето на приватните гаражи на Водно најавија нивните сопственици, меѓу кои е и бизнисменот Ристо Гуштеров, велат од Општина Центар. Гаражите се наоѓаат на местото каде треба да се отвори пат кон парцелите наменети за семејно домување и кои СДСМ обвини дека се на луѓе блиски до власта.

Господинот Гуштеров најави дека ќе поднесе иницијатива за ништовност на решението, кое според него не е поднесено според закон. Ние ќе ја разгледаме таа иницијатива и ако се покаже дека решението не било согласно законот, тогаш може да стане збор за одлагање на целата постапка. Но, ако е според законот, ќе постапиме кон реализација на решението.
Кочо Стојчевски, раководител на секторот за инспекциски работи при Општина Центар.

Раководителот на секторот за инспекциски работи при Општина Центар, Кочо Стојчевски, вели дека постојано им се вршел притисок за постапување по градежните решенија, кои биле донесени во времето на претходниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, при што управната инспекција најавила и казни доколку тоа не биде спроведено.

Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ.

„Господинот Гуштеров најави дека ќе поднесе иницијатива за ништовност на решението, кое според него не е поднесено според закон. Ние ќе ја разгледаме таа иницијатива и ако се покаже дека решението не било согласно законот, тогаш може да стане збор за одлагање на целата постапка. Но, ако е според законот, ќе постапиме кон реализација на решението“, вели Стојчевски.

Според него, наредното извршување на решението е закажано за наредниот вторник. Парцелите за кои се отвора пат се со површина од 12 илјади метри квадратни и на нив сега се наоѓа шума.

„Би било во најмала рака невкусно тоа да им се направи на жителите на Водно. Тоа е мој личен став и мислам дека сопственикот на тие парцели треба да го знае“, додава Стојчевски.

Во една од таканаречените бомби на опозицијата токму парцелите беа дел од прислушувани разговори, во кои како што тврдеше лидерот на СДСМ Зоран Заев, може да се слушне премиерот Никола Груевски како разговара со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и бара промена на урбанистички планови и оти тој е вистински сопственик на парцелите.

„Прв машки глас: Види, со обзир дека ГУП-от се наближува.

Втор машки глас: Добро.

Прв машки глас: Ако не најдеме купец за ова, знаеш, горе кај ВТ.

Втор машки глас: Добро.

Прв машки глас: Да го претвориме во онакво како што ти кажав, знаеш.

Втор машки глас: Да, да, ама така е направено.

Прв машки глас: Тогаш одма го продавам. Имам више заинтересиран.

Втор машки глас: Така е направено, општо, Ви кажав. Општо е ставено таму.“

ОД СДСМ приложија и документи од Централниот регистер, според кои парцелите се во сопственост на домашната компанија Кара и компаниите кои потекнуваат од оф шор дестинациите Ексико и Сирах лимитед. Според СДСМ, токму Сирах лимитед се поврзува со Груевски, бидејќи управител на компанијата е неговиот кум Ристо Новачевски.

Парцелите се дел од деталниот урбанистички план Капиштец Водно, чие донесување во минатата година беше спорно, бидејќи 11 советници гласаа за и 11 против, а претседавачот на Советот Мирослав Шиповиќ беше воздржан.