Пет нови линии од скопскиот аеродром

Отворени се пет нови авиолинии од Скопскиот аеродром. Од аеродромот „Александар Велики“ ќе може да се лета кон Осло, Фридрихсхафен, Барселона, до Хамбург и Нирнберг со нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ сo субвенции од македонската Влада. На новите линии кон европските градови „Визер“ ќе сообраќа двапати неделно. Компанијата „Визер“ од 2012 година досега преку финансиската поддршка од Владата воведе 20 дестинации до европски градови и превезува половина од вкупниот број патници, односно 50,2 проценти.