„Идејата за проектот Цветна патека на мирот е по повод мојата 30-годишна работа во мисијата на мирот и оваа година сакам да ја променам во Цветна патека на мирот, зашто изодев многу време и направив многу слики, кои ако би се составиле би биле девет километри. Меѓутоа, само годинава сакам да направам една слика од таа Цветна патека на мирот, за почеток од илјада метри, а доколку Гинис е поголем, ќе треба да продолжам.“
Меѓутоа, само годинава сакам да направам една слика од таа Цветна патека на мирот, за почеток од илјада метри, а доколку Гинис е поголем, ќе треба да продолжам.Живко Поповски Цветин, академски сликар.
Ова го изјави академскиот сликар Живко Поповски Цветин, кој во соработка на Клубот „Лајонс – Вардар“ од Скопје и од Куманово за помош на слепи, но и на сиромашни лица, а во рамките на хуманитарна акција, цветните пораки за мир ги испрати и од Куманово. Цветин досега подарил околу 45 илјади слики, од детски градинки до домови за стари лица. Со мировните пораки тој имал околу 300 изложби, како што вели, по повод разни настани.
„Лајонсите секогаш се за хуманизмот и верувам дека кумановци ќе го прифатат тоа и ќе продолжиме по таа патека за мир, заедно сите“, вели тој.
Миле Станковски, претседател на Лајонс клубот „Вардар“ од Скопје, вели дека проектот Цветни патеки за мирот започнал на почетокот на април, а се очекува да заврши наскоро.
„Идејата на лајонизмот е хуманитарна со цел помагање на лицата на кои помошта им е најпотребна, како и мир, љубов, дружба. Идејата на Цветин се совпаѓа со тоа, тој е наш член и заедно дојдовме до тоа, за да на овој начин пропагираме мир и љубов во светот“, вели тој.
Гоце Серафимовски, претседател на Лајонс клубот во Куманово, вели дека со поддршката на овој проект по завршувањето на сликата, останатите Лајонс клубови во светот ќе добијат информација за нивното учество во проектот.
„Така што во идно време сето тоа ќе направи голема афирмација на сите Лајонс клубови во Македонија, а ние сме членови на Меѓународните Лајонс клубови и може да добиеме донација која ќе ја дадеме во Куманово, како што сега имаме во план да направиме детско катче“, вели тој.
„Лајонс клуб“ од Куманово често пати организира хуманитарни акции, а добиените средства ги донира не само на слепите лица, која му е носечката функција, туку и на сиромашните, социјалните случаи, на болните, на поплавените, на оние на кои помошта во одреден момент им е најпотребна. Последната помош беше донирана и на лицата со интелектуална попреченост во Дневниот центар „Порака Наша“ во Куманово. Во најскоро време кумановските „лајонси“ планираат уште една хуманитарна акција.