СДСМ-Фер избори ќе обезбеди само влада без Груевски

Единствениот „успех“ на Никола Груевски за младите во Македонија е тоа што поради неговите лоши, погрешни и криминални политики над 250 илјади млади луѓе се иселија од земјава, се вели во реакцијата на СДСМ.

-- Човекот којшто е на власт преку изборни манипулации и злоупотреби, кој заедно со своите најблиски соработници владее со измами, притисоци, уцени и лично е вмешан во милионски криминални зделки е уплашен од соочувањето со сопствената одговорност.

.- Затоа Груевски по секоја цена сака да избега од фер, слободни и демократски избори. Затоа што на фер и демократски избори народот ќе му испорача на Груевски огромен, катастрофален пораз после којшто целосно ќе биде збришан од политичката сцена.

- Слободни, фер и демократски избори може да обезбеди само Влада без Никола Груевски. Заминувањето на Никола Груевски и неговите соработници е неминовност којашто ќе се случи, стои во реакцијата на СДСМ.