Груевски -агенти на Верушевски прислушувале

- Не знам уште колкумина веруваат на приказната од типот дека ние сами себе сме се прислушувале, Мијалков сам себе се снимал, јас сум се снимал себе и слични глупости и инсинуации, но знам дека има една работа од која сите овие заговорници на оваа теорија бегаат како од ѓавол, а тоа е дека двајцата ангажирани агенти на Верушевски, од кои едниот бил главен инжињер во МВР, а вториот бил шеф на Петтата управа во времето на Верушевски, целосно признаа се што било и како било, и тоа токму пред истражните органи, пред сведоци, пред обвинител, со личен потпис, и во целосна законска процедура. Двајцата си кажале дека нарачките за нелегалното снимање и парите кои ги примале за тоа, не ги добивале од Мијаков туку од Верушевски, кој гордо им кажувал дека работи за странска разузнавачка служба која сака да ги има разговорите на македонските политичари и од власта и од опозицијата, рече Груевски денеска во Скопје на 24-та годишна конференција на Унијата на млади сили на партијата.