Заев: оставаме шанса разговорите да продолжат

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по маратонската лидерска средба во Брисел, како што јави Нова ТВ, изјави дека остава шанса за продолжување на разговорите: „Тоа го најави и комесарот Хан. Паралелно ќе има и други активности за да им докажеме на сите дека нашите барања се правични. Не се тоа суети на опозицијата. Тоа се гаранции за Македонија за да се создадат услови за фер избори и да се вратат корективите во општеството“, изјави тој, додавајќи: „Имам многу сведоци кои можат да кажат дали преговорите беа неуспех или не. Важно е што останавме на ставовите кои не се само наши. Тоа се единствено можни принципиелни ставови кои гарантираат фер и демократски избори. Тоа со Груевски не е возможно. Тој е главниот виновник за сите криминали. Не може човекот кој е главен во проблемот да биде и решение за проблемот. Избори со Груевски не можат да бидат фер“, рече Заев кој најави дека ќе продолжи со објавување на таканаречените „бомби“.