Бомба на СДСМ-Груевски лично стои зад „Скопје 2014“

Премиерот Никола Груевски

СДСМ денеска објави нова серија на аудио снимки поврзани со проектот „Скопје 2014“. Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски која ја презентираше новата таканаречена бомба во кампот пред Владата изјави дека во разговорите може да се слушнат како се преместуваат министерства и како многу државни институции се преселени на диво, бидејќи премиерот Никола Груевски така налагал. Потоа според Манчевски, од разговорите станува јасно дека зад проектот Скопје 2014 стои лично Груевски, кој признава и дека Валентина Стефановска е режимска скулпторка.

Груевски, како што наведе Манчевски се занимавал и со дизајнот на новите автобуси на ЈСП. Можеше и да се слушне, како што наведе Манчевски како самите функционери од власта предлагаат во Скопје да се направи Дизниленд и проширување на Луна паркот на сметка на зеленилото како и тоа каква административна зграда во барок стил треба да има општина Скопје. Во разговорите можеше и да се слушне, како властите, според Манчевски признаваат дека на многу споменици на културата им го одземале статусот и како државата повеќе нема толку пари за „Скопје 2014“ и крати на квалитет на материјалите за изградба, како и тоа дека Груевски не сакал да дознае во јавноста колку пари се потрошени на проектот.