Додека од затворениот круг на шестмината кои во Скопје на т.н. лидерски средби разговараат за надминување на политичката не излегуваат многу информации околу содржината на она што се зборува, граѓанскиот сектор ги отвора сомнежите колку нивните идеи и залагања се вклучените во партиските преговори.
Јас би била задоволна со една експертска влада од независни експерти, Македонија ги има, би им оставила време во тој временски простор партиите да се прочистат, да се реструктуираат, можеби да се создадат нови политички субјекти и да се направат услови за едни фер избори.Гордана Попсимонова, универзитетски професор.
Од клучно значење е каква ќе биде преодната влада. Aко таа биде составена од постоечките партии, независно дали се работи за тие од власта или од опозицијата, повторно ќе го исклучиме граѓанскиот сектор, оценува професорката Гордана Попсимонова во интервјуто што во целост ќе го емитуваме в недела.
„Јас би била задоволна со една експертска влада од независни експерти, Македонија ги има, би им оставила време во тој временски простор партиите да се прочистат, да се реструктуираат, можеби да се создадат нови политички субјекти и да се направат услови за едни фер избори во една изборна единица со отворени избирачки листи без долен праг од 5 отсто“, вели Попсимонова.
Неодамна со иницијатива упатена до сите политички партии, до претседателот Иванов и до претставниците на меѓународната заедница, за вклучување на граѓанските организации и движења во преговорите за надминување на политичката криза, излезе и Институтот за демократија Социетес Цивилес. Според Миша Поповиќ од Институтот во преговорите мора да бидат вклучени и граѓаните преку организациите, прво во фаза на набљудување, а потоа и како учесници.
Таа реформска агенда која граѓанскиот сектор ја тера веќе подолго време да биде ставена на мапата и да биде ставена на агендата на преговорите.Миша Поповиќ, Институт Социетес Цивилес.
„Проблемот е што не знаеме точно за што се преговара во овој момент. Зошто е важно граѓанскиот сектор да биде присутен таму и како набљудувач во прва фаза, меѓутоа и потоа како учесник во некоја подоцнежна фаза на разрешување на кризата е таа реформска агенда која граѓанскиот сектор ја тера веќе подолго време да биде ставена на мапата и да биде ставена на агендата на преговорите, исто така и во периодот кој следи, владата во било која форма да биде да има реформска природа“, вели Поповиќ.
Тој додава дека ги повикале организациите и дека има интерес да се вклучат во процесот на набљудување, веќе разговарале со меѓународните претставници и дека сега ќе разговараат и со партиите за да ја разбереле важноста од вклученоста на граѓанскиот сектор.
Неодамна и помошникот на генералниот секретар на Обединетите нации за човекови права Иван Шимоновиќ на прес-конференција во Скопје порача дека неопходно е во дијалогот да се вклучи и граѓанското општество.