Министерот за одбрана на Бугарија Никола Ненчев соопшти дека архивите на военото разузнавање од комунистичката ера се отворени за истражувачи и новинари. Станува збор за околу 30 илјади архивски материјали од 1944 до 1991 година. „Бугарија треба да ги расветли репресивните структури од времето на комунизмот“, изјави Ненчев, наведувајќи дека нема да биде откриван идентитетот на странските државјани кои соработувале со бугарската разузнавачка служба. До паѓањето на комунистичкиот диктатор Тодор Живков во 1989 година, Бугарија се сметаше за една од најлојалните сојузници на поранешниот Советски сојуз.