Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за весникот „Ди Цајт“ изјави дека осудените за случајот Смилковско езеро се невини и тие неправедно се затворени. Објавувањето на „вистината за случајот“ , како што наведува тој, може да предизвика немири во албанската заедница во Македонија, а може да има и жртви. Затоа, според него се водат интензивни разговори со албанската заедница, за да се спречи таква реакција.
Заев смета дека мора да бидат одговорни и да ги подготват луѓето за вистината, но не очекува да се повтори конфликтот од 2001 година. Тој нагласува и дека не очекува оставка од премиерот Никола Груевски, туку преку преговори да изградат преодна влада со што тој достоинствено би се повлекол од функцијата.