„Мртов“ косовски милитант на ново видео на ИД

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Медиумите на Балканот во август минатата година со извесно олеснување известија дека озлогласениот милитант на Исламската држава косовскиот албанец Лавдрим Мухаџери бил убиен во воздушен напад во Сирија. Претходно во јули тој предизвика грозење откако на Фејсбук објави слика со обезглавен човек.