Не стивнуваат превирањата во ИВЗ

Групата околу разрешението скопски муфтија денеска го обвини Реисот Сулејман Реџепи дека спротивно на Уставот на ИВЗ на негово место назначил нов муфтија. Според нив, новиот муфтија Реџеп Јусуфи не ги исполнува критериумите да биде на таа функција, а на состанокот кој велат дека бил таен присуствувале само пет од вкупно 15-те членови на скопското муфтиство. Разрешениот скопски муфтија Ибрахим Шабани и неговите приврзаници најавија дека правдата ќе ја бараат на суд, а од вторник секојдневно ќе организирале протести пред седиштетот на ИВЗ и пред скопското муфтиство. Пред речиси три недели Шабани и неговите приврзаници насилно ја преземаа ИВЗ.Минатата недела по интервенција на извршителите, тие мирно ги напуштија просториите.