Илјадници граѓани од цела Македонија излегоа на антивладините протести во Скопје. Централната бина е поставена на крстосницата кај Владата, но целиот центар на градот е преполн. Луѓето носат транспаренти со пораката „Збогум Никола“ и веат македонски, албански, српски, турски, ромски знамиња.
Протестирам против недемократска власт, против власт која не сака да го чуе сопствениот народ, која не сака да прифати различност.Анкетиран граѓанин.
„Протестирам против недемократска власт, против власт која не сака да го чуе сопствениот народ, која не сака да прифати различност. Власт која сака да протежира национализам и едноумие, а со тоа не се согласувам. Протестирам против сите неправди кои ни ги направија.“
„Јас протестирам затоа што оваа влада е неспособна, неодговорна, неморална и мора да си дадат оставка и да си одат.“
„Сакам да имаме мир, слобода, безбедносната ситуација да се подобри, да имаме поголема вработеност, тоа е се што бараме ние, а не бараме фејк анкети, лични промоции, партиски вработувања. Ние тука не дојдовме за партија, дојдовме за Македонија“, велат анкетираните граѓани.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Се забележува зголемено полициско присуство. Протестот го обезбедуваат стотици редари, а на една од уличките што од владата води кон Градскиот парк има паркирано десетици полициски оклопни возила и водени топови.
Јас протестирам затоа што оваа влада е неспособна, неодговорна, неморална и мора да си дадат оставка и да си одат.Анкетиран граѓанин.
Граѓански здруженија, невладини организации и политички партии, меѓу кои и најголемата опозициска партија, Социјалдемократски сојуз, се организатори на протестот, но забележливо е отсуството на партиски обележја на протестот.
„Одлуката е остануваме до крај, додека Груевски не даде оставка. Ќе ги обезбедиме сите ресурси согласно со нашите можности, и тоа продолжување да биде мирно, ненасилно, со одредени содржини кои ќе бидат за луѓето што ќе одлучат да останат во континуитет на овој протест“, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.
До протестот доаѓа по повеќе од 3- месечно објавување на прислушувани телефонски разговори меѓу, како што тврди опозицијата, највисоките претставници на власта, од кои може да се слушнат сите нивни криминални активности.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5