Ако целта на групата напаѓачи во Куманово била да ја дестабилизираат земјата, како што тврди државниот врв, постојат неколку факти кои укажуваат на одредени сомневања околу овие мотиви, вели поранешниот разузнавач Владимир Пивоваров.
По 2001 веќе не сака никој ни на сон да помисли во на војна. Од друга страна би требало да се има поддршка и од меѓународната заедница за некое остварување на некои права. Упорно во регионот со години наназад ја негираат можноста за прекројување на граници, можноста за изведување терористички акти.Владимир Пивоваров, универзитетски професор и поранешен разузнавач.
Натамошната истрага треба да потврди дали се работи за платена криминална група и дали целта била само да нанесе страв кај населението или нешто повеќе, додава Пивоваров.
„Ако ваква формација, ако е терористичка, како што вели МВР, за да направи своја цел, да ја достигне, значи во таква ситуација мора да има поддршка од локалното население. По 2001 веќе не сака никој ни на сон да помисли на војна. Од друга страна, би требало да се има поддршка и од меѓународната заедница за некое остварување на некои права. Упорно во регионот со години наназад ја негираат можноста за прекројување на граници, можноста за изведување терористички акти.“
Ако нашите служби имале информации за сомнителни групи во тој реон многу порано, отворено е прашањето зошто некој дозволил тие да се инфилтрираат во населена средина каде што полицијата тешко може да дејствува поради присуството на цивилно население, вели Пивоваров, според кој, засега е најлогично објаснувањето дека се работи за платеници кои биле да војуваат на Блискиот исток.
Може да се работи за група платени луѓе, како што има информации. Може да има некоја друга цел поврзана со реакциите на одредени џихадистички групи во Босна итн.Насер Зибери, pолитички аналитичар.
„Во таква ситуација, според досегашните податоци, излегува дека само тоа е единственото логично размислување, но сепак велам дека истрагата во натамошниот тек треба да докаже кои се мотивите, кој ги организирал, кој ги плаќал.“
Политичкиот аналитичар Насер Зибери е убеден дека мотивите на напаѓачите не се политички. Иако имињата на осомничените, кои вчера ги потврди МВР се добро познати во јавноста, според Зибери, не постојат доволно информации дека се работи за сериозна групација со организирана политичка платформа.
„Не гледам некоја политичка поддршка од било кој албански субјект, не гледам некоја друга структура организирана политичка која соти зад нив.“
Мотивите според Зибери можат да бидат различни и засега не се јасно дефинирани. И тој не исклучува дека се работи за платеници кои имале за цел да извршат одредени дејствија во земјата и веднаш потоа да заминат.
„Може да се работи за група платени луѓе, како што има информации. Може да има некоја друга цел поврзана со реакциите на одредени џихадистички групи во Босна итн.“
Министерството за внатрешни работи соопшти дека нападот во Куманово го извршила една од најопасните терористички групи кои биле закана за целиот регион во изминатите неколку години, а дека нејзините членови биле предмет на меѓународни потерници за најтешки кривични дела. Како што информира МВР лидери на групата се Мухамед Красниќи, таканаречениот командант Малишева, Мирсај Ндрецај таканаречен командант НАТО, Сами Укшини таканаречен командант Соколи, Бег Ризај алијас командант Бегу и Деме Шеху, алијас Јунику.