Во Македонија денеска е вториот ден на национална жалост за осумтемина загинати полицајци во акцијата против вооружени лица во Куманово. Знамињата се на половина копје додека сите спортски и политички собири се откажани. Во Куманово се согледуваат материјалните штети.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Нашите репортери денеска во кумановската населба која во изминатиот викенд беше бојно поле.
Инаку, денеска во 18 часот во Скопје со свеќи во рацете, во црна и бела облека како симбол на тага по загинатите полицајци, граѓаните и активистите кои неколку денови протестираат во Скопје ќе се соберат пред владата. Најавено е дека притоа ќе соопштат единствена порака која ќе ги обединува сите, а ќе допре до политичарите кои ја водат државата.