Во Куманово има терористичка група од 40 припадници за што се информирани соседите и меѓународната заедница, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на денешната прес-конференција во партиското седиште. Тој додава дека имињата на дел од учесниците во денешниот инцидент се совпаѓаат со тие од претходниот инцидент во Гошинце. Милошоски истакна дека нивната намера била напад врз повеќе државни институции и безбедносни пунктови во кумановско и други места. Тој дополни дека безбедносните служби навреме реагирале.
Според Милошоски, ова што се случува е сценарио и обид за дестабилизација на државата. Милошоски истакна дека меѓу полицајците има Македонци и Албанци.
На новинарско прашање во врска со информациите околу протести пред штабот на СДСМ, Милошоски одговори дека ВМРО-ДПМНЕ не планира да организира никакви протести.