Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја прекинува својата работна посета на Руската Федерација и се враќа во земјата, информираат од неговиот Кабинет.
Оттаму најавуваат дека ќе биде свикан и Советот за безбедност, по последните случувања во Куманово.
За актуелната состојба во Македонија Иванов утрово ги информирал Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, претседателот на Чешката Република, Милош Земан и останатите соговорници, со кои остварил средби во Москва.
Утрово Иванов во Москва учествуваше на одбележувањето на 70 годишнината од победата над фашизмот, и присуствуваше на свечениот прием на претседателот на Русија Владимир Путин.