Амбасадата на Соединетите Американски Држави попладнево преку соопштение изрази жалење за загубените човечки животи во оружените акции во Куманово и повика на смиреност и утврдување на фактите.
"Длабоко жалиме за загубите на човечки животи во врска со акциите во и околу Куманово, и го изразуваме нашето сочуство кон семејствата на загинатите и оние кои се повредени. Ја следиме состојбата и сме во постојан контакт со властите и со политичките лидери. Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да дозволат утврдување на фактите,
се наведува во соопштението од Амбасадата на САД".