Котевски: Полицијата се справува со вооружена група од соседството

Од МВР на прес конференцијата не дадоа детали за повредени и за евентуални жртви од акцијата во кумановската „Дива населба“. Полицијата утрово започна акција за сузбивање на терористичка група, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски. Тој вели дека на акцијата се одлучиле по сознанија дека вооружена група влегла на територијата на Македонија од, како што рече, една соседна држава и преку свои поддржувачи се засолнала во Куманово. Според МВР групата планирала напад на државни институции. Котевски вели дека станува збор за добро вооружена група и обучена за дејствување на вакви услови.

Тој објасни дека околу 5 часот утрово се започнало со акцијата, но наишле на жесток оган, на што како што велат од МВР, одговориле внимателно и соодветно на ситуација. Котевски вели дека акцијата се уште трае акцијата, а поради специфичноста на теренот, полицијата напредува тактички и врши претрес во сите околни куќи. Од МВР упатуваат апели за смиреност. .