Малкуте граѓани кои се охрабриле да излезат на балконите и во дворовите во Куманово, велат дека полицијата вршела претреси по куќите, јавува екипата на Радио Слободна Европа, која е на терен. Од полицијата утринава им рекле на жителите да затворат капии. Тие раскажуваат дека децата ги однеле по роднини подалеку од пукотниците.
Улиците низ Куманово се празни, а полицијата го блокирала пристапот до населбата каде започнале пукотниците. Се уште се слушаат повремени поединечни истрели од огнено оружје.
Полицијата ги предупредува и новинарите и ретките минувачи да се приберат по дворовите, оти може да ги погоди нешто.