Бомба на Заев: Случајни или намерни пропусти за смртта на Младенов

Трагичната смрт на новинарот Никола Младенов и „намерните или ненамерни“ пропусти во истрагата за неговото загинување, беа тема на денешната „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Постапката за истрагата за причините за загинувањето на новинарот Никола Младенов случајно или намерно се водела непрофесионално и биле дозволувани намерни грешки, тврди лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој денеска на прес-конференција објави нелегално снимени телефонски разговори на кои, како што рече, во најголем дел се слушаат гласовите на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, нејзиниот помошник Иво Котевски и шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓер.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер за Никола Младенов

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер за Никола Младенов 1

На прес-конференцијата, Заев презентираше и СМС порака, која тврди, дека е испратена од Јанкулоска до Груевски, во која пишува дека колата имала и боја од задната страна, а истото се слуша и од разговорот за кој се тврди дека е меѓу Јанкулоска и Котевски.

Заев најави дека од доказите што ќе ги објави ќе излезат десет причини зошто е потребна нова истрага за смртта на Младенов. Зошто фискалните сметки кои ги пронајде новинарот Томислав Кежаровски не биле земени во истрагата, зошто утврдената траекторија по која се движел новинарот Младенов не беше објавена во јавноста, немањето истрага зошто не работеле камерите и зошто во јавноста беше објавено дека не е пронајден телефонот се неколку од причините поради кои треба нова истрага, нагласи Заев.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Иво Котевски за Никола Младенов

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Иво Котевски за Никола Младенов 1

Од разговорот за кој се тврди дека е меѓу Јанкулоска и Котевски, се слуша дека и двајцата зборуваат дека истражниот судија којшто работел на случајот за загинувањето на Младенов е неискусен и дека направил „утки“, но дека тоа не треба да се објавува во јавноста. Гласот за кој се тврди дека е на Јанкулоска тврди дека го лоцирале телото на Младенов по телефонот, а дека го проверувале и во МВР, спротивно од тврдењата претходно дека тој не е пронајден.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер за Никола Младенов 2

На прес-конференцијата, Заев презентираше и СМС порака, која тврди, дека е испратена од Јанкулоска до Груевски, во која пишува дека колата имала и боја од задната страна, а истото се слуша и од разговорот за кој се тврди дека е меѓу Јанкулоска и Котевски, што досега не беше објавено во јавноста како информација. Тоа е уште една причина зошто е потребно истрага за загинувањето на Младенов, нагласи Заев.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Иво Котевски за Никола Младенов 2

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Иво Котевски за Никола Младенов 3