Кордон специјалци ја потисна толпата што протестираше пред владата кон околните улици во насока на Соборниот храм. Насобраните граѓани возвраќаат на полицајците, фрлајќи камења, пластични шишиња и други предмети. Зад кордонот специјалци има два водни топа, кои засега не се искористени.
Протестот за Мартин Нешкоски пред Влада започна во 18 часот. Демонстрантите кратко по почетокот на протестот ја преминаа заштитната ограда околу зградата на Владата и протестираа во владиниот двор поради прикривањата и местенките на власта за убиството на младиот Мартин Нешкоски, во јуни 2011 година.