Демонстрантите кои протестираат пред владата со стапови удираат по штитовите на полиција. Претходно гаѓаа со јајца, домати, компири, пластични шишиња и по некој камен кон зградата на Владата, по што беа скршени два прозорци. Тие се револтирани од тоа што од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, можеше да се чуе дека власта го прикривала и местела целиот случај со убиството на младиот Мартин Нешковски. Демонстрантите бараат оставки од премиерот и од министерката за внатрешни работи, како и од сите други кои се обиделе да ја скријат вистината за Нешкоски. Извикуваат „Убијци“, „Никола излези“, „Готово е, готово.“