Баш би било фино да сме како Финска

Стефан Богоев, претседател на СДММ, подмладокот на СДСМ.

Пролетта дојде и календарски и политички. Поддршката во вид на „4-5 јаки шамари пред камери“ за Груевски, стига и од Европа и од преку океанот. Да не зборувам за шамарите од средношколците и оние најсилните од опозицијата. Веќе неколку пати реков, ќе кажам и сега. Главниот политички нокаут ќе дојде од младите, ова до сега е само загревање, пишува Стефан Богоев, претседател на СДММ, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Помина и 1-ви Мај. Меѓународен ден на трудот, ден на работниците и нивните права, нешто што одамна е мисловна именка во Македонија. Нешто за што уште многу треба да се работи и да се бориме за да се подобри.

Оваа година, доминираа оние за началникот, за „шу прајш“ министерката, за хипопотамусот вице премиер, за земјопоседникот премиер...и секако, оние евергрините за Хорхе. Слушнав и една често користена досетка која вели, „многу си фин, како да си од Финска“.

Но, нашиот народ, каков што е по природа, често пати баш на „1-ви Мај, сака скара да прај“. Па така, на овие пикници и дружби, ние младите многу често кажуваме шеги, досетки и вицеви. Оваа година, доминираа оние за началникот, за „шу прајш“ министерката, за хипопотамусот вице премиер, за земјопоседникот премиер...и секако, оние евергрините за Хорхе. Слушнав и една често користена досетка која вели, „многу си фин, како да си од Финска“. Па така, заклучив дека граѓаните, штом им е дојдено до шега, повеќе не се плашат од режимот и штом ги знаат и деталите од разговорите, тоа значи дека се доволно информирани за „Вистината за Македонија“.

Инспириран од погоре споменатата досетка, заклучив дека е најлогично да се „фатам“ во оваа колумна за Финска. Всушност, СДММ во соработка со Финската социјалдемократска младина, а во организација на Прогрес институтот од Скопје и Клаеви Сорса финската фондација, организираa размена на искуства. Јас, со неколкучлена, интересна, забавна и пред се другарска делегација бевме во посета на Хелсинки. Агендата беше интензивна, времето студено, приемот топол. А државата, државата беше држава во буквална смисла на зборот!

Некој сега логично ќе помисли со кој памет сакам да ја споредам Македонија со Финска. Но, тоа и не е така тешко и проблематично, бидејќи токму Финска со векови била дел од кралства (Шведското и Руското) слично како Македонија во османлиската империја. Дополнително, Финска е најретко населена земја на светот, претпоставувате, поради навистина студената клима. Од друга страна пак, Македонија има одлична континентална клима поволна за одгледување на многу овошја и зеленчуци како и животни. За геостратешката позиција може уште многу да дебатираме. Прашањето е, каде се сега тие, а каде сме ние!?

Но, секоја држава се соочува со кризи и проблеми. Некои од воен карактер, некои од економски, Македонија од режимско - диктаторски!

Во развојот на една држава, клучна улога игра свеста на нејзиниот народ. Преку тоа, се подига и нивото на политичка култура, опаѓа степенот на криминал и државата оди брзо напред. До 2006та година, Македонија имаше сериозна можност да биде Финска на Балканот. Имавме демократски и силен парламент, објективен и професионален јавен сервис и слободни медиуми, чесна и вредна влада, младите ни беа тука, во нивната татковина и најбитно од се имавме економски раст и насмеани лица по улиците.

Но, секоја држава се соочува со кризи и проблеми. Некои од воен карактер, некои од економски, Македонија од режимско - диктаторски! Финците се чудеа како прес - конференциите на претседател на опозиција не се емитуваат на МТВ, како некој прислушувал преку 20.000 граѓани и притоа ни срам ни перде, како во 21 век, во срцето на Европа, постои држава која одеднаш од оаза на мирот и лидер во регионот, прерасна во авторитарно фамилијарно кнежество.

Kако и да е, што e, тука е. Оваа држава што сè не преживеала, па ќе го преживее и ова. Пролетта дојде и календарски и политички. Поддршката во вид на „4-5 јаки шамари пред камери“ за Груевски, стига и од Европа и од преку океанот. Да не зборувам за шамарите од средношколците и оние најсилните од опозицијата. Веќе неколку пати реков, ќе кажам и сега. Главниот политички нокаут ќе дојде од младите, ова до сега е само загревање.

Јасно или не јасно, сакал или не сакал, Груевски ќе си оди. Да биде фер, ќе му дозволиме да си ја земе со себе и фамилијата. И не само што ќе си оди, туку и ќе одговара.

Јасно или не јасно, сакал или не сакал, Груевски ќе си оди. Да биде фер, ќе му дозволиме да си ја земе со себе и фамилијата. И не само што ќе си оди, туку и ќе одговара. И за криминалот и за бркањето на преку 250.000 млади луѓе од државата. Залудно се обидува, ниеден кинески таблет нема да го избрише ова од меморијата на младите!

А кога оваа најцрна епизода ќе заврши, тогаш, со нова и демократска, социјалдемократска влада, повторно Македонија ќе се врати на шините кои го носат македонскиот експресен воз на запад. И, баш би било фино, овој наш пат да се поклопи со патот на Финска.

П.С. Крстот е најмоќниот и најсветиот симбол во христијанството, а зајакот е животно кое носи среќа и успех на луѓето! Симболика, началниче!?