Поранешниот претседател на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов во Москва оствари средба со поранешниот американски претседател Џими Картер, поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан и други проминентни поранешни глобални лидери. Средбата на групата доаѓа во време кога односите на Русија со западот се затегнати поради улогата на земјата во конфликтот во источна Украина и анексијата на Крим. Портпаролот на Горбачов изјави дека сите инволвирано во дискусијата биле едногласни дека најважното прашање е да се обезбеди усогласеност од сите страни за договореното од Минск. Групата требаше да разговара и со рускиот претседател Владимир Путин, но до средбата не дојде.