Повлекување на законот за задолжително плаќање на придонеси за хонорарците побараа денеска граѓаните кои излегоа на протест за да го искажат својот револт. Околу илјада хонорорарци тргнаа од пред зградата на Министерството за финансии кон Уставниот суд, каде што поднесоа и претставка за утврдување на неуставноста на пакетот закони со кои се регулира плаќањето придонеси за хонорарците.
Тоа што мене ме мотивира да бидам денеска тука, заедно со овие 6.040 подносители е ароганцијата, ароганцијата со којашто не убедуваат дека ова е за најгенијалната идеја со којашто ние ќе се чувствуваме социјално и здравствено сигурни.Јасмина Голубовска, Хелсиншки комитет.
„Тоа што мене ме мотивира да бидам денеска тука, заедно со овие 6.040 подносители е ароганцијата, ароганцијата со којашто не убедуваат дека ова е за најгенијалната идеја со којашто ние ќе се чувствуваме социјално и здравствено сигурни“, рече Јасмина Голубовска од Хелсиншкиот комитет, која додаде дека дошле пред Судот пред се за да ги охрабрат судиите.
„Не не интересира по која линија се поставени и како се стигнати таму, денеска сме тука да им кажеме дека правдата е на наша страна.“
Веќе има примери каде на актерите и театарските работници им се нудат договори на дело во кои хонорарот наместо да им се плати еднократно, им се плаќа повеќекратно, а да биде уште потрагично, ваквите понуди за договори доаѓаат од институциите кои се под надлежност на државата.Симона Спировска, актерка.
Симона Спировска која говореше во име на актерите, рече дека бараат повлекување на Законот оти културните работници со него плаќаат двојно повеќе за придонеси во случај на ангажман надвор од установите во кои се вработени.
„Веќе има примери каде на актерите и театарските работници им се нудат договори на дело во кои хонорарот наместо да им се плати еднократно, им се плаќа повеќекратно, односно на неколку месеци со цел да се избегне плаќање на придонесите, а да биде уште потрагично, ваквите понуди за договори доаѓаат од институциите кои се под надлежност на државата“, рече Спировска.
Инаку законот што беше донесен за време на летните одмори минатата година, а стапи во сила во почетокот на годинава, веќе претрпе и измени.
„Хаосот што го предизвикаа со неколкукратното менување на Законот за хонорарци, само зборува за нивната намера дека, а тоа е правната несигурност да ни стане пракса, односно ненормалното, да ни стане нормално“, вели Гоце Марковски од левичарското здружение Солидарност.
Насобраниете граѓани кои се движеа од новата зграда на министерството за финансии, низ центарот на градот за да стигнат до Уставниот суд извикуваа „Не ви плаќаме“, „Нема правда, нема мир“, „Социјална правда“, “Лопови “. Учесниците носеа и жолти налепници со пораката - „Не за неуставните закони за хонорарците и транспарентите на кои пишуваше „Даночниот рај се претвори во пекол“, „Со Грујо сме партнери, делиме 60-40“, „Ми се крева косата од законот.“
Протестот кој го организираше Платформата за граѓанска политика „Ајде!”заврши со говори на бина на која имаше макета на вага на која на една страна беше поставен премиерот Груевски а на другатата граѓание. Според платфорната со пакетот закони се загрозува еднаквоста на граѓаните и нивните работнички права, односно на хонорарците им е ускратено правото на плата, пауза, годишен одмор, породилно/родителско отсуство и синдикално здружување, а хонорарците. Иако законот предвидува хонорарците да имаат здравствено осигурување, сепак тие не можат се уште да си го остварат тоа право, оти и од институциите велат дека има некој проблем.
Ова е трет протест на незадоволните хонорарци. Тие првпат протестираа на 22 декември, непосредно пред законот да стапи на сила, а вториот протест се одржа на 13 февруари.