Пратеникот на Обединетите нации за сексуално насилство Заинаб Бангура денеска ја започнува посетата на Сирија, Ирак, Јордан, Либија и Турција. Во извештајот на Светската организација објавен деновиве, се наведува дека во минатата година биле забележани голем број на силувања, сексуално ропство и присилни бракови што ги вршеле припадници на екстремистичките групи, како Исламската држава и Ал Каеда. „Сексуалното насилство се користи како терористичка тактика од страна на радикалните групи“, се оценува во извештајот на Обединетите нации.