ВМРО ДПМНЕ-Заев е провиден во неговите лаги и измислици

ВМРО-ДПМНЕ по најновата таканаречна бомба на СДСМ реагираше дека како поминува времето Зоран Заев е се поповршен и провиден во неговите лаги и измислици. Од партијата наведуваат дека Заев продолжува да одработува за странски центри и интереси спротивни на интересите на граѓаните и да пушта креирани, сечени, лепени и прелепувани, монтирани материјали кои самите по себе не докажуваат ништо. Според партијата, со денешната прес-конференција уште еднаш се докажало дека крајната цел на сценариото чиј извршител е Заев е дестабилизација и обид за внесување криза.