Помалку деца, повеќе барања за посвојување

Илустрација.

Бројот на посвоителите е поголем од бројот на децата за посвојување. Не само што сè помалку се раѓаат вонбрачни деца, туку и мајките најчесто не ги даваат децата на посвојувања, вели Сузана Митровска од Центарот за социјални работи во Куманово.

Поголем е бројот на брачни двојки кои поднесуваат барања за посвојување деца, отколку што има деца. Процедурата за посвојување е прилично комплицирана, а од пред една деценија законски е предвидено електронско регистрирање и на децата и на посвојувачите.

Ние имаме обврска да направиме повеќе контакти со двајцата партнери, да ги посетиме во нивното семејство, да направиме низа опсервации во период од четири месеци.
Сузана Митровска, психолог во Центарот за социјални работи во Куманово.

Психологот Сузана Митровска во Центарот за социјални работи во Куманово вели дека со актуелниот закон посвојувањето е преку Министерството за труд и социјални работи, а не како порано преку Центрите. Посвојувачите главно бараат здраво дете, со етничка припадност и вероисповед компатибилна со нивната. Во државава децата најмногу ги оставаат биолошките мајки Македонки, потоа Албанки, а најмалку Ромки.

Сузана Митровска, психолог во Центарот за социјални работи во Куманово.

Посвоителите се електронски рангирани според возраста, нивната здравствена и материјална состојба. Предност имаат помладите брачни двојки, односно оние до 45-годишна возраст. И децата за посвојување се електронски регистрирани, а сето тоа е шифрирано, со што се елиминирани сите недоследности и евентуални злоупотреби, како што е меѓу другото и запазување на времето на чекање за посвојување дете.

Треба да се нагласи дека бројот на посвоителите е поголем од бројот на децата за посвојување. Не само што сè помалку се раѓаат вонбрачни деца, туку и мајките најчесто не ги даваат децата на посвојувања. Меѓутоа, кога и да е, биолошките мајки нерадо го прават тоа, затоа имаат можност до деветмесечна возраст да се одлучат.
Сузана Митровска, психолог во Центарот за социјални работи во Куманово.

„Ние имаме обврска да направиме повеќе контакти со двајцата партнери, да ги посетиме во нивното семејство, да направиме низа опсервации во период од четири месеци“, вели Митровска.

Стручниот тим од психолог, правник и социјален работник се изјаснува за можните посвоители.

„Софтверот сам ги бира по материјалниот статус, возраста, вероисповед и етничка припадност. Тоа се запишува во регистар, како и децата за посвојување“, вели Митровска.

Од раѓање до 18-годишна возраст може да се посвои дете, кое останало без родителска грижа, или мајката го оставила од низа оправдани причини. Најчесто мајките ги оставаат децата поради немање услови да се грижат за нив, неприфаќање од најблиските или осуда од околината за вонбрачно роденото дете. Мајката има девет месеци време за да одлучи дали детето ќе биде регистрирано во можни посвоеници. Посвоителите ги добиваат сите можни податоци и за детето и за неговите генетски предиспозиции. Има и роднински посвојувања, како и деца со одредени аномалии.

„Треба да се нагласи дека бројот на посвоителите е поголем од бројот на децата за посвојување. Не само што сè помалку се раѓаат вонбрачни деца, туку и мајките најчесто не ги даваат децата на посвојувања. Меѓутоа, кога и да е, биолошките мајки нерадо го прават тоа, затоа имаат можност до деветмесечна возраст да се одлучат“, вели Митровска.

Откако мајката ќе се откаже од детето, таа никогаш повеќе не може да го земе, ниту да дознае каде се наоѓа. Посвоените деца, пак, најчесто кога ќе дознаат дека се посвоени ја бараат биолошката мајка. Според законските регулативи, на посвоените деца во изводот на родените им се задржува само датата и евентуално местото на раѓање.