Пронајдена втората црна кутија на авионот на Германвингс

Остатоци од авионот на Германвингс

Француското обвинителство соопшти дека била пронајдена втората црна кутија од авионот на Германвингс кој се урна во француските Алпи минатата недела, при што загинаа сите 150 патници. Според обвинителството, повеќе детали за црната кутија ќе соопштат во текот на денот.

Истражителите меѓу остатоците од авионот се обидуваат да пронајдат и лични работи на жртвите. Првата црна кутија беше веднаш пронајдена откако спасувачките тимови стигнаа на местото на несреќата.