Новинарскиот синдикат реагира дека најавите и информациите за лустрирање на актуелни и проминентни новинари, „кои во јавноста се препознаени како носители на критичката мисла и интегритетот на професијата не е ништо друго, туку уште еден неуспешен обид за дискриминирање и етикетирање на сите кои што не влегуваат во дефиницијата на „новинарството“ по вкусот на владејачката гарнитура“.
„Оваа лустрација е само продолжение на практиката таа да се ползува како инструмент за политичка пресметка со сите оние со кои некој смета дека треба да се пресмета“, се наведува во соопштението на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
Синдикатот до сите свои членови и симпатизери упатува порака да останат рамнодушни и со индигнација да ги отфрлат сите обиди за нивна или за дискредитација на нивните колеги.