Неколку стотици граѓани присуствуваат на протестот пред МРТВ во организација на претсeдателот на политичката партија Достоинство, Стојанче Ангелов. Протестот е дел од повеќето протести кои се случија деновиве и кои завршуваа пред Обвинителството. Во моментот пред зградата на националниот сервис се презентираат аудио снимките од прислушуваните разговори. За во 13 часот е најавено ненасилно влегување во зградата на МРТВ во знак на револт поради необјавувањето на снимките од прислушуваните разговори на јавниот сервис. Протестот се одвива под засилено полициско обезбедување.