Рускиот претседател Владимир Путин, вели дека е време да се почнат разговори за формирање на монетарна унија меѓу Русија, Белорусија и Казахстан. Путин ова го кажа по денешната средба со казахтанскиот претседател Нурсултан Назарбаев и белорускиот претседател Александар Лукашенко во главниот град на Казахстан, Астана. Лидерите се сретнаа да дискутираат за економските проблеми со кои се соочуваат земјите, кои заедно се Ерменија ја сочинуваат Евроазиската економска унија. Путин, кој претходно сугерираше на монетарна унија меѓу поранешните советски републики, рече дека трите земји се согласиле да го породолжат координирањето на нивната монетарна политика. Тој додаде дека „дојдено е време да се зборува за можноста за формирање на монетарна унија.“