НАТО ја потврди својата поддршка на независноста на Молдавија и нејзиниот територијален интегритет. Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција со премиерот на Молдавија, Кирил Габуричи, во Брисел рече дека Молдавија е ценет партнер на Алијансата. „Сите партнери на НАТО го поддржуваат суверенитетот на Молдавија, како и независноста и територијалниот интегритет и ја почитуваат нејзината уставна неутралност“, рече Столтенберг. Столтенберги и Габуричи ги дискутираа следните чекори кон воспоставувањето на Одбранбената иницијатива за градење на капацитетите за Молдавија.