Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска одржува трибина во спортскиот центар Борис Трајковски. Прв говорник е актерот Тони Михајловски, потоа се очекува да се обрати Јохан Трчуловски, а по него и режисерот Љубиша Георгиевски, на крај пораките ќе ги упати премиерот и претседател на партијата Никола Груевски. Според информациите од ВМРО-ДПМНЕ, иницијативата за големиот собир што ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ дошла од општинските комитети.
„Јавноста низ целата држава ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, ќе се испратат јасни пораки, за она што се залага и за она што го планира во наредниот период“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се собравме денеска да покажеме дека сме силни, единствени и решителни како никогаш досега“, рече водителот на манифестацијата. Пред говорите пејачката Калиопи ја интонираше македонската химна. За оние кои не може да влезат во салата пред салата има видео бимови на кои може да се гледа настанот.