Никола Груевски се крсти во чесноста, а кога веќе денеска ги собра насила за да се правда со неговата наводна чесност, треба да им каже на луѓето зошто зборува во шифри ако не се прислушува во државата, каков премиер е тој кога мора да зборува во шифри во сопствената земја, рече на денешната прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Чесен човек ќе признаеше дека тој и братучед му Мијалков прислушуваат. Чесен човек ќе признаеше дека имал линкови со фирми од Белизе и Лугано, се возел со комбе низ населби за да гледа имоти, дели парцели, крева потпорни ѕидови на парцели за да не ги гледа никој“, изјави Заев.
Тој вели дека само оставки и преодна влада се излез од политичката криза.
Заев уште еднаш повтори дека ќе ги објави сите снимки на кои се слуша за криминали, без разлика на партиската припадност на соговорниците.
Во меѓувреме во спортската сала Борис Трајковски се одржува трибина на ВМРО-ДПМНЕ.