Столтенберг: Москва да ги повлече силите од Украина

Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вели дека „Русија е се уште во Украина“ и побара Москва да ги повлече своите сили и да ја запре поддршката за сепаратистите во источниот дел на Украина. Столтенберг, денеска соопшти дека НАТО го забележуваше и се уште го забележува руското присуство и силната поддршка за слите на сепаратистите во источна Украина. Американскиот генерал Филип Бридлов, кој е врховен командант на силите на НАТО, на истата прес-конференција изјави дека гледа одреден успех околу договорот за прекин на огнот, но рече дека е тешко да се знае каде е преместено тешкото оружје кое беше повлечено од првите линии на фронтот. Тој додаде дека границата меѓу Русија и Украина е отворена и оти е тешко да се знае колку руски трупи се во Украина.