Руските власти обвинија двајца за убиството на Немцов

Портпаролката на судот во Москва Ана Фадејева соопшти дека двајца мажи со чеченско потекло се обвинети за вмешаност во убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов, а тројца други се уште се само осомничени. Таа рече дека обвинети се Анзор Губашев и Заур Дадајев кои беа приведени вчера. Тие се очекува да бидат изнесени на првично сослушување денеска заедно со три други лица кои се поврзуват со убиството. Фадејева го соопшти и целосниот идентитетна третиот осомничен Шагид Губашев, а ги откри само презимињата на другите двајца осомничени Бакајев и Ескерканов. Шагид Губашов според извештаите е помал брат на Анзор, додека другите двајца се поврзуваат со Дадајев.
Немцов беше убиен на 27 февруари во близина на Кремљ додека се шеташе со својата девојка.