Денеска во Москва ќе се одржи погреб на рускиот опозициски лидер Борис Немцов кој беше убиен на 27 февруари во близина на Кремљ. Неколкумина европски политичари изјавија дека Москва им забранила да влезат во земјата и да присуствуваат на погребот. Рускиот претседател Владимир Путин кој убиството го оцени како „провокација“ нема да присуствува на погребот. Вчера шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека убиството на Немцов не би требало да се користи за политички цели. Ана Дуритска, девојката која била со Немцов за време на неговото убиство изјави дека не го видела човекот што стрелал врз него.